Се отстранува нелегално изградениот ѕид во „Градиште“

by Фокус

Почнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, соопшти на фејсбук градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.

Тој информира дека градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина утрово извршиле увид, по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

„Согласно тоа, денеска започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, истакна Георгиески.

Поврзани новости