Жител на Волково им се заканувал на соседите со пиштол

by Fokus

Синоќа по полноќ жител на Волково бил уапсен затоа што им се заканувал на соседите со пиштол, пренесуваат од Министерството за внатрешни работи.

„На 26.07.2022 во 01.30 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(50) од с.Волково, затоа што околу 00.50 часот во с.Волково со пиштол им се заканил на соседите С.С.(44), В.С.(44), Д.С.(45) и Ј.С.(70). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости