524
Вчера вечерта, жител на Трубарево бил приведен, поради тоа што се обидел да нападне царински службеници на „Табановце“.
„На 23.12.2019 во 23.35 часот на граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен А.И.(32) од с.Трубарево, скопско, поради тоа што ги омаловажувал и се обидел физички да ги нападне царинските службеници на граничниот премин. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.