547
Саша И.(46) од Лесковец е уапсен под сомнение дека синоќа брутално ја убил својата партнерка Гордана Д.(56).
Имено, злосторството се случило синоќа околу 21 часот во близина на Лесковец, во куќата каде жртвата и осомничениот му помагале на сопственикот, кој е тешко болен.
Осомничениот по расправија зел кујнски нож и безброј пати ја избодел жртвата по целото тело.
По злосторството, повикал полиција и сам се пријавил, а несреќната жена им подлегнала на повредите.