Жител на Дебар организирал игри на среќа без лиценца, со нерегистрирана фирма

by Fokus

Полициски службеници и Државниот пазарен испекторат вчера во Дебар констатирале дека жител на градот без соодветна лиценца организирал игри на среќа во објект на главната улица.

-Вчера околу 17 часот, при контрола во спортска обложувалница на улицата „8-ми Септември“ во Дебар, полициски службеници констатирале дека Г.Ц. од Дебар организирал игри на среќа со електронска трка на кучиња, без соодветна лиценца издадена од Министерството за финансии. Тој исто така и работел без регистрирана фирма за вршење таква дејност, изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски.

Според Димоски, повикан е инспектор од Државниот пазарен инспекторат и известена е Управата за јавни приходи. По целосно документирање на настанот, против организаторот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Портпаролот Димоски исто така информираше дека во последното деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешни работи-Дебар констатирале само еден прекршок за неносење заштитна маска, за што е издаден прекршочен платен налог.

Поврзани новости