Жерновски: Власта не се бори за уште еден мандат, туку за својата глава!

by Фокус

Имаме работа со луѓе, коишто се спремни буквално сe да направат за да останат на власт. Тие не мислат да дадат оставка, затоа што не се борат за уште еден мандат, тие се борат за својата глава, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

– Граѓаните го имаат последниот збор, како што се случи во Центар, како што ќе се случи на референдумот, така и ќе се случи на изборите коишто треба да дојдат, но изборите не може да ги организира оваа власт и го гледаме тоа. Мора да се направи преодна влада и она на што инсистира меѓународниот фактор, мора да се почне од една независна функција, независно функционирање на Јавниот обвинител. Се разбира, Груевски и екипата околу него не го сакаат тоа, бидејќи ако дојде јавен обвинител, којшто не мислам дека треба да биде однадвор, треба да биде од Македонија, но неговата работа и предметите, целиот процес да биде мониториран однадвор, тогаш е јасно дека екипата за којашто зборуваме денеска ќе заврши во затвор – вели Жерновски.

На прашањето дали ќе има ли апсење на опозиционери Жерновски вели дека веќе е доцна за едно такво сценарио доколку го планирале во ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, исто така знам дека од нив можам се да очекувам, но веќе секој потег ќе биде само нивна поголема грешка, а евентуално апсење на Зоран Заев само дополнително ќе го мотивира народот да одлучи да преземе чекор што ќе значи конечна пресметка со овој режим, вели Жерновски.

 

Поврзани новости