Жерновски: Ова е лудилото на режимот

by Фокус

„Ако некој не знаеше со каков режим имаме работа сега веќе на сите им е јасно. Ова е лудило кое продолжува. Ниту опозицијата ниту власта не се зачудени. Домашната и меѓународната јавност веќе знаат за тоталитаристичкото владеење. Сега сите треба да бидеме со ладни глави. Режимот ги покажува своите намери“- вака градоначалникот на Центар и лидер на ЛДП Андреј Жерновски ја коментира информацијата дека МВР ќе поднесе кривична пријава против лидерот на СДСМ Зоран Заев за насилство спрема највисоките државни органи и обидот да извршат преврат во државата.

Жерновски посочи декаве јасен мотивот за апсењето на Верушевски и јасно зошто акцијата МВР ја нарече „Пуч“. Тој додаде дека останува активен на партиско-политичката сцена и по утрешниот конгрес на ЛДП и ќе работи со сите сили оваа власт да падне.

„Опозицијата мора да најде вистинска формула да го анимира незадоволството кај граѓаните и да се соберат сите заедно кои што се против оваа власт“, рече Жерновски.

Поврзани новости