Жерновски: Нема да има повеќе менување на границите, амандманот го гарантира тоа

by fokus

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, образложи денеска на собраниската седница за нацрт амандманите дека 35-тиот амандман на Уставот го затвора засекогаш прашањето на границите на Македонија.

Одговарајќи на прашање на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кога Грција ќе го промени уставот и ќе вметне ваква реченица, Жерновски рече дека со амандманот се гарантира дека границата со Грција ќе остане трајна и неповредлива.

-Македонија единствена во регионот го има решено прашање со границата и има направено демаркација. Ниту една држава во регионот го нема решено ова прашање. Ако гледаме внимаелно кои теми се отвораат во регионот, тоа се бити прашања, и ние ги затвораме еднаш заскогаш. Нема да има повеќе менување на границите – рече Жерновски.

Во амандманот 35 инаку стои:

„Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.“

Поврзани новости