Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја обвини владејачката партија дека ја фалсификувала волјата на гласачите во Македонија, откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека МВР на чело со Јанкуовска незаконски им издавало лични карти на жители на Пустец.
-Нели Никола е точно тоа што го кажуваше ти дека народот е тој кој што ти дава поддршка? По вчерашните информации станува сосема јасно дека ниту тој верувал во македонскиот народ, а ниту македонскиот народ верува во Груевски, рече Жерновски.
Градоначалникот на Центар информираше и дека бил известен од Специјалното обвинителство дека го земале на разгледување предметот за кршењето на општина Центар откако тој стана градоначалник, а во „бомбите“ на опозицијата се слушна дека нарачател на ова бил директно премиерот Никола Груевски.