ХОПС: Законот за канабис има многу недостатоци

by Фокус

Од невладината организација ХОПС сметаат дека новиот предлог Закон за регулирање на канабисот во медицински цели е избрзан и има многу недостатоци.

-Го повикуваме Министерството да го доработи Законот бидејќи не одговара на потребите и да повика на стручна јавна расправа и други чинители. Во него не е регулирано за кои болести и форми ќе се применува, како ќе се препишува, каде ќе се купува. Законот отвора можности за правни лица да можат да го произведуваат, односно само тие што имаат финансиски капацитети , а не и индивидуални лица, рече Влатко Деков од ХОПС.

Тој истакна дека предлогот на Законот е објавен вчера на страната на Министерството за здравство, а до неговото објавување никој го немал видено.

Поврзани новости