542
Андреј Жерновски, градаоначалникот на општина Центар, денеска посочи дека нарачателите на вандализмот во општина Центар се истите оние кои синоќа испровоцираа група граѓани на протестот брутално да нападнат снимател и новинар.
-Најостро го осудувам вчерашниот напад врз новинарите. Не може никој да ја загрозува слободатана медиумите. Влезени сме во партиска кампања и очигледно, ова ќе биде стилот на водење кампања на партијата на власт. Ова се јасни знаци дека ќе се обидат да ги загрозат и спречат демократските процеси. Волјата на народот треба да се почитува и оној кој има обезбедено мнозинство во парламентот, треба да го добие мандатот, рече Жерновски.