Жерновски: На кој Иванов треба да веруваме?!

by fokus

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска ја извести јавноста дека нема да биде присутен на 30-ти септември, за кога е закажан и референдум во нашата држава.

На тоа се огласи и поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, кој испрати силни критики кон првиот човек на државата.

„На кој Иванов да му веруваме ?!?

Претседателот Иванов денес им соопшти на граѓаните дека не само што нема да учествува на Референдумот, туку нема ни да биде присутен во државата на овој историски чин за нашата иднина.
Сакам во оваа прилика, на самиот почеток на референдумската капања, јавно да го потсетам на неговата изјава од 23 март 2014 година, дадена за време на неговата претседателска кампања кога се бореше за втор мандат.
Истиот човек, тогаш кандидат за Претседател на Република Македонија, јасно и гласно заговараше Референдум токму за ова прашање.
Се поставува прашање, на кој Иванов треба да му веруваме ?!?“, соопшти Жерновски.

Поврзани новости