Од Кривичен суд и вратија на Јанева, имале и други предмети за судење, не само тие на СЈО

by fokus 13:50
13:50

Откако обвинителката Катица Јанева вчера се пожали дека предметите на СЈО се ставени во втор план во Кривичниот суд, поради малиот број на резервирани термини за рочишта, а поради што постои и опасност од застарување, денеска со реакција се јавија од Кривичниот суд.

-Во однос на наводите дека за одредени предмети на СЈО не се насрочуваат доволно расправи, напоменуваме  дека само во текот на месец септември 2018 година, од 20 работни дена, во 19 од нив се насрочени  расправи за 16 различни предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, а воедно термините се усогласени како би се овозможилo доволно време на одбраната да се подготви. Вреди да се напомене дека од декември минатата година до денеска изречени се и 4 пресуди по предметите на СЈО што е евиднетен показател дека нема никаков застој во динамиката на постапување.

- Advertisements -

Воедно судиите во овој суд во овој момент постапува и по 1.633 други предмети во одделението Кривично – полнолетни и 1.26 други предмети во одделот за Организиран криминал и корупција меѓу кои и предмети со над 30 обвинети од кои дел се во притвор, и овие премети неможе да се занемарат за сметка на други, реагираат од Кривичниот суд.

Од судот се обратија и до адвокатите на обвинетите во предметите на СЈО, кои пак се пожалија дека судењата им се преклопувале, па не можеле да стигнат на сите.

-Во однос на наводите на странките кои постапуваат во предметите на СЈО, а кои се водат пред овој суд, за неусогласеност, пречесто закажување на судења или одолговлекување на одредени предмети, ја информираме јавноста дека судиите при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во целост ги почитуваат првата на странките како во овие така и во сите други предмети и со крајни напори се прават прецизни и усогласени распореди на закажаување на главните расправи се со цел да се овозможи доволно време на обвинетите и нивните бранители квалитетно да ја подготват својата одбрана, доселдно да се почитува принципот на еднаквост на оружјата и правото на судење во разумен рок.

Неможе да се занемари фактот дека дел од обвинетите лица, според поднесените обвинителни акти на СЈО, се јавуваат како обвинети во повеќе предмети, а само еден од обвинетите е опфатен во 5 различни предмети, во таа смисла неможе да се насрочува главна расправа во ист ден. Дополнителен проблем е што поголем дел од обвинетите имаат по двајца или повеќе бранители па затоа при насрочување на расправите се внимава на судењето да биде присутен барем еден од бранителите кои ги застапуваат обвинетите, велат од судот.

Поврзани новости