Жерновски: Коце и Тодоровиќ усно се договарале за фасадите

by Фокус

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски денеска реагираше на вчерашното соопштение од кабинетот на Коце Трајановски, во кое скопскиот градоначалник тврди оти постои договор дека градот ќе ги реконструира предните, а Центар задните фасади во централното градско подрачје.

– Град Скопје вчера тврдеше дека ова е согласно договорот со претходниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ. Се обидов сериозно да ја разберам несериозната изјава на градоначалникот на Скопје. Пишан документ дека има некаков договор градот да ги прави предните делови од фасадите, а ние задните и дека тоа било договорено со претходниот градоначалник Тодоровиќ – нема. Се работи за устен договор и како таков не може да важи -изјави Жерновски.

koce trajanovski i vladimir todorovic na tocak, velosiped

Општина Центар, рече тој, не ги дели фасадите на предни и задни, само целосно реконструирање од сите страни ќе значи дека е постигната енергетска ефикасност.

– Општина Центар има разбирање за сѐ што може да исполни, а што е барање на граѓаните. Јас би сакал финансиски да парирам на Град Скопје, или преведено – на државата. Нема логика фасадите да се реновираат само од предната страна, но доколку сакаат – тогаш општина Центар ќе ги реновира предните, а градот може да ги реновира задните страни од фасадите – рече Жерновски.

Поврзани новости