367
Имаме перманентен притисок од тие што ја водат оваа работа за да извршиме реализирање на ДУП-от од дел на Водно, изјави градоначалникот на центар Андреј Жерновски, откако граѓани на горниот дел на Водно се побунија против одлуката за расчистување на патот што треба да води до неколку спорни парцели.
– Им објаснисме на луѓето што живејат таму дека некој во владата очигледно има интерес тој дел да се расчисти. Во понеделник ќе бидеме таму и ќе поставиме едноставно прашање – кога и дали ќе се појави сопственикот на тоа земјиште? – рече Жерновски.