Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека препораката на Комисијата за заразни болести за воведување карантин од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот е добра препорака.
-Ова е препорака на Комисијата, ќе видиме што ќе каже Владата. Но, ова мене ми кажува и на сите треба да ни каже дека дека се преземаат мерки и дека воопшто не се тактизира поради извесни избори, Владата да каже сега не одиме во карантин. Напротив, ако знаеме што правиме и што сакаме и знаме каде се жариштата, условно кажано, тогаш тие се под контрола. И затоа мислам дека оваа мерка е добра што се препорачува и треба да ни каже на сите дека здравствените власти и Владата знае што прави кога евентуално ги носи овие одлуки, рече Жерновски.