Белата куќа забрани кинески авиопревозници да сообраќаат во САД

by fokus

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денеска дека ќе им забрани на кинеските патнички авиопревозници да летаат кон САД, почнувајќи од 16 јуни.

На тој начин, Министерството за транспорт на САД ја казнува Кина, откако Пекинг не го почитуваше постојниот договор за летови меѓу двете најголеми светски економии.

Односите меѓу двете земји, исто така, се нарушени во последните неколку месеци, како резултат на ескалацијата на тензиите во врска со пандемијата на корона вирус.

Поврзани новости