Жерновски ја донирал декемвриската плата

by fokus

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ја донираше својата декемвриска плата за социјално загрозените семејства, а финансиски средства одвоија и вработените во општината, информираат од Центар.

Во неколку хуманитарни акции, општината собрала околу 760.000 денари, од кои 600.000 денари се донациија од артистите кои настапуваа на пречекот на Новата година на „Сквер Јадран“. Средства за помош за социјално загрозени групи донирале и неколку компании.

Од Општината информираат дека парите што ќе бидат собрани, ќе бидат транспарентно и јавно доделени на оние на кои им се најпотребни.

Поврзани новости