Почина уште еден бездомник

by fokus

Бездомник утрово бил пронајден мртов во напуштена куќа во Битола, а неговиот пријател, исто така бездомник, е префрлен во болница, информираат извори од Министерството за внатрешни работи, а пренесува 24 Вести.

Според првичните информации бездомникот најверојатно починал од студ, но официјално причините за неговата смрт треба да ги утврди истрагата.

Телото на бездомникот било најдено утрово околу 6 часот на улица „4-ти Ноември“. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости