Поранешниот лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, и поранешниот пратеник на ГРОМ Чедомир Саздовским, стануваат нови членови Централниот одбор на СДСМ, брифифаат од партијата која денеска оддржува седница токму на овој партиски орган.
По изборот на Горан Милевски за претседател на ЛДП, Жерновски се дистанцираше од партијата, која, пак, го исклучи од партиските органи откако објави дека се приклучува кон СДСМ.
Покрај тоа, Жерновски треба да добие и јавна функција, па, според информации на Фокус, како една од можните се споменува и акрактивното директорско место во Агенцијата за електронски комуникации.
Саздовски, пак, е поранешен функционер на СДСМ, меѓутоа беше дел од ГРОМ и пратеник од редовите на партијата на Стевчо Јакимовски, се додека неодамна не одлучи да делува како независен пратеник, надвор од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.