Жерновски: Груевски ни пласира виртуелна вистина од Берлин!

by Фокус

Премиерот Никола Груевски ни пласира виртуелна вистина со тврдењето дека на првата Конференција на земјите од Западен Балкан, што се одржа во Берлин, било констатирано дека единствениот проблем во евроинтеграциските процеси на Македонија бил спорот за името со Грција.

Вака реагира лидерот на опозицискиот ЛДП, Андреј Жерновски, еден ден по конференцијата, на која земјите-учеснички преку декларација се согласија да го потврдат европскиот курс.

Жерновски вели дека има сосема спротивни информации за тоа што се случувало во Берлин од она што го изјави Груевски.

– Во контекст на заклучоците во Декларацијата, од Вас е побаран дециден став за потврдување на сериозноста за полноправно членство на Македонија во ЕУ и тоа поради континуираниот бивалентен однос што Вие и Владата го покажувате кон Унијата, поради континуираните политики и законски решенија што се во спротивност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, при што се побарало безусловно да се откажете од воспоставувањето слободни финансиски зони и тоа со Устав, и да ги направите расположливи сите документи од матните и јавно недостапни договори особено во енергетиката, каков што е договорот за приклучување кон проектот „Јужен Тек“. Моите информации говорат дека доколку и овој пат не ги исполните барањата од Брисел, а сега и од Берлин, на јунскиот ЕУ самит во 2015 година, не само што ни е загрозен кандидатскиот статус, туку Ви е најавено отворање постапка за раскинување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација што ја потпишавме со Европската Унија – му се обраќа Жерновски на Груевски.

Поврзани новости