Жената која падна од тераса во Охрид била турната – кривична пријава против две лица

by Fokus

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против Е.М.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на ул.„Карпош војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Поврзани новости