Жена во Лондон 2000 пати повикала Итна помош од 17 различни броеви, заврши во затвор за бројни неосновани повици

by Fokus

Користејќи 17 различни мобилни броеви, 56-годишна жена од Хароу, северен Лондон, го повикала бројот за итни случаи 999 во текот на 2021 и 2023 година, пишува Скај њуз.

Ваквото однесување, според податоците на полицијата во Лондон, го смести на петтото место на „најлоши повикувачи на службите“ во наведениот временски период.

Соња Никсон само во 2023 година повикала 1.194 пати на итниот број и така станала една од трите лица кои таа година најчесто се јавувале во полиција.

Никсон била уапсена во јануари за 668 прекршувања на Законот за комуникации и е обвинета за 670 кривични дела.

Откако била уапсена, продолжила да ги прекршува прописите, со што расно малтретирала полицаец, а била уапсена и поради загрозување на јавниот ред. Уринирала и во полициското комбе.

Во март, Никсон била осудена за бројни неосновани повици до службите за итни случаи и четири расно мотивирани нарушувања на јавниот ред.

Полицијата проценила дека нејзиното упорно прекршување ја чинело службата околу 4.500 фунти во период од пет месеци. Соња на крајот доби затворска казна од 22 недели.

Поврзани новости