65
САД ставија вето на полноправното членство на Палестина во ОН на гласањето во Советот за безбедност.
Нацрт-резолуцијата презентирана од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.
Приемот на една земја во ОН мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.