Жена се повредила при симнување од автобус

by fokus

Педесет и седумгодишна жена од Скопје се повредила откако паднала при симнување од автобус на ЈСП – Скопје.

Како што известува МВР, истата со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истата била задржана на понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости