Четворица повредени во сообраќајка кај Велес

by fokus

Четири лица се полесно повредени во директен судар меѓу две патнички возила со скопски регистерски таблички што се случи изутрината во седум часот кај месноста викана Ѓубриште на Штипска клучка во близина на Велес. 

Како што информира за МИА Димитар Каракулев портпарол на СВР Велес, несреќата се случила кога едно од возилата преминало на спротивната коловозна лента и дирекно удрило во другото возило.

Увид на местото на настанот врши екипа на СВР Велес и Основното јавно обвинителство од Велес.

Марина Андова, портпарол на велешката Општа болница, информира дека сите четворица повредени сo возило на итна помош околу осум часот биле донесени во болницата.

– Сите четворица со иницијали М.З роден 1996, И.С.роден 1977  и Ј.Б и Б.З беа прегледани од хирургот трауматолог д-р Филип Тодоровски, по што беа  упатени  на рентген снимање при што се констатирани полесни телесни повреди – нагмечувања. Заради превентивни здраствени мерки сите четворица се задржани на опсервација на хирушкото одделение во болницата, информира Андова.

Поврзани новости