571
Дваесет и четиригодишна жена, идентификувана како државјанка на Перу, е уапсена на атинскиот меѓународен аеродром под обвинение за шверц со дрога, откако пристигнала во Атина на лет од бразилскиот град Сао Паоло преку Цирих, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.
Осомничената била запрена и испрашувана за време на полициска проверка, а инспекторите откриле дека таа проголтала 42 капсули кои содржеле 1,2 килограму кокаин.
Полицијата од жената запленила и 900 евра и нејзиниот мобилен телефон.