Додека вршеле легитимирање, полицајци од Тетово се соочиле со агресивно однесување и навреди од 34-годишна жена. Таа поради тоа е приведена во полициска станица и против неа ќе следува поднесок.
-Вчера околу 20 часот и 20 минути, при спроведување акциска контрола во угостителски објект на крстосницата на улицата „Илинденска“ со регионалниот пат за тетовска Брвеница, Л.У.(34) од Кичево, откако била легитимирана, се однесувала агресивно и ги навредувала полициските службеници, информира денеска СВР Тетово.
Полициската акција во објектот потоа продолжила, а поради нерегулиран престој биле приведени и шест странски државјани. Две машки лица од Република Косово К.В.(23) и Ф.К.(25), три женски лица од Косово, Н.А.(19),Ј.С.(20), А.И.(19) и едно женско лице од Република Албанија, С.В.(18), соопшти СВР Тетово.