803
Жена починала вчера наутро во струмичко, откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг.
Инцидентот бил пријавен во 9.30 часот, а се случил во атарот на селото Мокриево, струмичко во нива на место викано „Длабока“.
Додека мажот сечел дрва, едно од дрвата паднало и ја повредило неговата педесет и деветгодишна сопруга која починала на лице место.
Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.