675
Седумдесет и деветгодишна кумановка почина откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка.
– По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ во 23:30 часот починала, информира денеска МВР.
Собраќајната несреќа се случила вчера во 17:20 часот на местото викано „Ливади“. Во жената удрило возило „цитроен берлинго“ со кумановски таблички управувано од Љ.М. (66).
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.