Жена паднала од трети кат во Охрид

by Фокус

Денеска во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата Карпош Војвода во Охрид паднала жена, која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информира охридската полиција. Немилиот настан се случил во зграда во која се сместени социјално ранливи семејства.

„Во 11.45 часот, на улицата Јане Сандански во Охрид, лишени од слобода се А. Д. (32) и Е. М. (21) двајцата од Охрид. На местото на настанот увид вршат јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот“, соопшти СВР Охрид.

Поврзани новости