Жена паднала од автобус и била прегазена

by vlatko 14:50
14:50

Седумдесет и двегодишна жена е тешко повредена во несреќа што се случила вчера напладне на улицата Св. Кирил и Методиј во центарот на Скопје.

Според информациите од полицијата, жената паднала при излегување од автобус „мерцедес“, по што возилото ѝ ја прегазило ногата.

Автобусот го управувал 56-годишен скопјанец.

Повредената веднаш била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и ги утврдува околностите под кои се случила несреќата.

Слични вести