2
Српскиот стратег Дејан Мијатовиќ е назначен денеска за нов тренер на актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром.
Клупското раководство, како што е соопштено, го официјализираше договорот со искусниот тренер, а заедно со него доаѓа и неговиот помошник Иван Дробњак.
Мијатовиќ седнува на клупата на МЗТ Скопје на местото на Васко Атанасов, со кого клубот ја прекина соработката пред неколку недели.
Педесетиосумгодишниот Мијатовиќ својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на Борац Чачак кој го предводеше од 2022 до 2024, а претходно беше тренер на црногорски Ловќен, српски ОКК Београд и полскиот прволигаш Баскет Познањ.