Митовски: Повеќе институции заеднички ќе го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

by irena 19:12
19:12

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа координативен состанок со претставници на повеќе надлежни институции и Општина Крива Паланка, на кој се разговараше за изнаоѓање трајно решение за проблемот со неконтролираното движење на добитокот на територијата на општината.

На состанокот присуствуваа министерот за земјоделство Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Јовица Андовски, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот Ирена Илиевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и претставници на МВР и национален координатор од Владата.

Општина Крива Паланка ја претставуваа градоначалникот Сашко Митовски, командантот на Општинскиот кризен штаб и претседателот на Советот, Миле Трајковски.

Во фокусот на разговорите биле координацијата меѓу институциите и утврдувањето конкретни мерки за заштита на безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните.

Засега не се соопштени конкретни одлуки, а разговорите ќе продолжат и утре, кога се очекува усогласување на заеднички став и дефинирање на следните активности.

За утре е најавена и прес-конференција во Министерството за земјоделство, на која се очекуваат повеќе информации за исходот од разговорите и мерките што ќе бидат преземени.

Од Општина Крива Паланка нагласуваат дека остануваат посветени на соработката со надлежните институции за трајно надминување на проблемот.

Слични вести