0
На 26.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје, З.А.(71) од Скопје, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.