Претрес во Битола, пронајдена дрога

by valentina 11:56
11:56

Од МВР информираат дека бил извршен престрес во Битола, при што била пронајдена дрога.

-На 02.09.2026 во 17:25 часот, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот на С.С.(28) од Битола. При претресот, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени се и одземени 42 пакувања со прашкаста материја, марихуана, дробилки со остатоци од марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Слични вести