442
34-годишен крушевчанец пријавил во полиција дека добивал закани од женско лице од Брисел, Белгија. Според полицијата, жената му барала пари, или во спротивно ќе објави компромитирачки фотографии од него.
Заканите ги испраќала преку социјалната мрежа фејсбук. Од крушевчанецот било побарано на 3-ти март до 10 часот да уплати 200 евра преку Western union, во Брегот на Слоновата коска, а доколку не го стори тоа на социјалната мрежа фејсбук и Скајп ќе објави слики и видео матријал со кои ќе му наштети на честа и угледот на пријавителот.