506
Доцна по полноќ, жена од скопско село пријавила дека во текот на вчерашниот ден била истепана од нејзиниот син и сопруг, информираат од МВР.
„Денеска (17.02.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од скопско село пријавила дека на 16.02.2023 околу 18.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син Н.П.(28) и нејзиниот сопруг Р.П., кој употребил и тврд предмет.
Според пријавеното, Н.П. физички ја нападнал и нејзината ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.