421
Жена и двајца мажи натепале скопјанец, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, 01 септември, 2018 година околу 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.А.(32) од Скопје пријави дека истиот ден околу 15,30 часот пред слаткарница на булеварот „Партизански Одреди“ бил физички нападнат од страна на едно женско и две непознати машки лица. Потоа, Д.А. се јавил на неговиот татко и брат. Кога пристигнале тие настанала расправија и тепачка помеѓу двете групи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.