Сопругот ја прободел со нож во стомакот, па да однел во болница на операција

by Fokus 17:01
17:01

Сопругот ја прободел со нож во стамокот, па да однел во болница на операција, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа неколку часа после полноќ, во 04,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот. Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20,00 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди. Потоа Б.А. со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат. Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

- Advertisements -

Поврзани новости