Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во Македонски железници – Транспорт бараат исплата на платата за јануари 2017 година.
Латко Јовановски, претседател на Независниот синдикат на машиновозачи и железничари претпладнево изјави дека на македонските пруги е целосно во прекин движењето на патничките и на товарните возови.
Македонски Железници Транспорт АД Скопје вчера информираше дека на вработените ќе им го исплати веднаш вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот ќе ја исплати платата за јануари 2017 година.
– Вториот дел за декември е исплатен, бараме исплата на јануарската плата, изјави денеска Јовановски, додавајќи дека за штрајкот имаат поддршка од останатите синдикати на железницата.