417
Се надевам дека по Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ следната недела, ние ќе добиеме опозиција која не е посветена само на тоа деструктивно да ги спречи работите кои се случуваат, изјави денеска амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар
-Подобро е да имаме опозиција која ќе и конкурира конструктивно на Владата, со идеи, предлози и сугерирања, како да се корегира. Таква опозиција е потребна, а таа во овој момент ја нема. Јас се надевам дека повторно ќе го вратиме силното ВМРО-ДПМНЕ во јавниот живот и во Собранието. вели Жбогар.