648
Македонија сериозно да ја сфати препораката од Европскиот ревизорски суд за евентуално намалување или укинување на европските пари за Македонија – порача во екслузивно интервју за Алсат-М, новиот евроамбасадор Самуел Жбогар.
Жбогар вели дека Европската комисија ги повлекла парите наменети за Макеоднија, бидејќи не биле спроведени неопходните реформи, а не се завршиле ниту проктите за кои биле наменети фондови.
-Има рокови за подготовка на проектите и ако тие не се испочитуваат, ние треба да ги пренасочиме тие парите на друго место- вели Жбогар.
Новиот евроамбасадор порачува земјата да биде ригорозна во реформите кои се спроведуваат со пари од европските фондови.