Жбогар: Иднината на Македонија зависи од изборите

by fokus

Евроамбасадорот Самуел Жбогар очекува фер политичка кампања и веродостојни избори. Жбогар потенцира дека предвремените парламентарни избори закажани за декември ќе имаат исклучително значење за иднината на земјата и евроатланската интеграција.

Тој рече дека за сите проблеми во предизборието, институциите треба сами да реагираат и да најдат решение.

– Очекувам фер кампања, очекувам политичките партии да ги престават своите визии во врска со иднината на вашата земја. Од понеделник ќе почне кампања, дури ако нешто се наруши и ако кампањата не оди по вистински пат, самите институции во државата треба да го решат тоа. Ако произлезат вакви ситуации, треба да се погрижиме за тоа, ќе се смисли нешто, но како што вели изреката, кога ќе дојдеме на мостот, тогаш ќе размислиме како да го поминеме – изјави Жбогар во денешната посета на Тетово.

На средбата со градоначалничката на градот, Теута Арифи, евроамбасадорот понуди  и финансиска помош за изградба на пречистителна станица за отпадните води.

Поврзани новости