Жбогар: ЕУ предлага широка коалиција, но одлуката е на партиите

by fokus

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната посета во Прилеп порача дека Европската Унија очекува што поскоро да се формира новата влада, а за нејзиниот состав остава да решат политичките партии.

На прашето дали ЕУ очекува дека широка коалиција ќе биде решението за излез од политичката криза, како што претходно дипломатите неколкупати и порачаа на Македонија, Жбогар овојпат настапи со помек став.

– Ние, како ЕУ, немаме никаков став или гледиште во врска со тоа прашање. Меѓутоа, тоа што е во наш интерес е да се формира една силна коалиција во поширок контекст. Во таа смисла, без разлика дали партиите се на власт или во опозиција, сите треба да дадат поддршка на реализацијата на ЕУ-агендата – изјави евроамбасадорот Жбогар.

Евроабасадорот рече дека со доаѓањето на Јоханес Хан во четврток, ЕУ ќе добие информации од прва рака, за тоа до каде е Македонија на кој начин ЕУ ќе може да ја поддржи во иднина.

Поврзани новости