650
Бугарскиот професор Иван Динев Иванов вечерва се извини за тоа што го направила тогашната фашистичка влада на Бугарија во Македонија и за сите жртви.
-Јас жалам за секој еден човек кој е убиен во Македонија, а такви има и не само за тие кои се убиени во Македонија, туку и за тие кои се убиени во Грција во Драмското востание. Жалам за секој еден човек. Треба да се погледнеме со други очи, еден кон друг, и да продолжиме напред, рече Динев Иванов, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.