496
Нови станбени објекти и хотели ќе никнат во центарот на Охрид по должината на кејот Македонија, на еден од најгусто изградените простри во градот. Според ДУП за дел од УЗ 2, дел од блок 2.4 – опфат 1, кој денеска беше на повторна јавна расправа, предвидена е изградба на повеќе висококатници како и надградба на постоечки објекти, јави телевизија „Телма“.
Како што објави телевизијата, според мештаните новите градежни активности дополнително ќе го оптоварат просторот и ќе го затворат протокот на воздух од езерото, што ќе се одрзи на квалитетот на животот.
Од локалната самоуправа велат дека ДУП-от се носи согласно закон и дека изведувачот ќе ги земе предвид забелешките на граѓаните.