Забранет влез за синдикалецот Митревски во зградата на ССМ

by fokus

Забранет влез за Живко Митревски во зградата на ССМ. Работниците од најголемите синдикати се собраа во зградата по заканата за присилно иселување. Велат дека ќе останат внатре да го бранат домот на работниците се додека Централен регистар не ја изврши промената на имињата на претседателите. Среде зима најавуваат синдикална пролет, јави телевизија 24 Вести.

Четирите најголеми гранкови синдикати на кои им се заканува иселување ќе ја бранат зградата на ССМ. Велат дека ќе останат внатре се додека Централниот регистар не го впише името на новиот претседател Дарко Димовски.
„Поведени од одлуките, утрово кога ги најдовме на огласната табла, за исклучување на петте најголеми градски синдикати од Ццм на некоја си седница од разрешениот претседател Живко Митревски, ние се собравме да си ги одбраниме нашите синдикати, работни места и членството,“ вели – Дарко Димовски в.д. претседател на ССМ
„Игрите на Митревски продолжуваат, нема граници, изнајмен е магацин каде ќе се исфрлат нашите работи, ангажирани се луѓе кои ќе ослободат канцелариите и ние насилнички да бидеме остранети. Сценариото на Митревски е во оваа зграда да донесе други жолти синдикати“ вели – Пеце Грујовски од УПОЗ

„Не смее да не отсели присилно, зошто не постои причина за тоа, а најмалку тоа да го направи преку ноќ“- вели Маре Анчевска ген. Секретар на СИЕР

Според адвокатите, Живко Митревски повеќе не е претседател, а Централниот регистар го крши законот со невпишувањето на новиот претседател на ССМ, како и на синдикатот на одбрана и безбедност.
„Централниот регистар постапуваше и на ист начин со Специјалното обвинителството, а не со синдикатите и министерството за труд и социјална политика  и одби да ја изврши промената во базата на податоци. Тоа е срамно. Државно минситерство ви праќа решение кои ви треба само да го спроведете, немате право да го цените тоа решение.Ние им поднесовме кривични пријави и на директорот на Централниот регистар, главниот регистратор  и регистраторот кој работел на оваа проблематика“ – вели Звонко Давидовиќ – адвокат на ССМ.
Работниците велат дека добиваат поддршка и од членовите на помалите синдикати, а влезот во ССМ за Живко Митревски ќе остане забранет.

Поврзани новости