Зградата на „Еуростандард“ понудена на аукција за 8,4 милиони евра

by fokus

Деловната зграда на Еуростандард банка, со површина од околу 4.000 квадратни метри е понудени на аукција, а нејзината проценета вредност е околу 8,4 милиони евра.

Здружението на оштетни штедачи на Еуростандард банка реагира дека обвинителството молчи, а имотот се продава.

-И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека била и останала во сопственост на самата банка. Но, нејзината вредност останува да биде како утеха за оштетените депоненти, граѓани и фирми, дека сепак има останато нешто вредно од банката и дека не е се украдено, велат од Здружението.

Оттаму обвинуваат за „можното соучество на некои високо позиционирани политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка“ и велат дека „можно е одлуката од обвинителството да почека подобри времиња кога навистина ќе сакаат да застанат на страна на граѓаните, а против криминалот“.

Поврзани новости