Зголемувањето на минималната плата на дневен ред на Собранието

by fokus

Македонското Собрание на дневен ред на денешната пленарна седница ги има измените на Законот за минимална плата со кои таа се зголемува од 15.200 на 18.000 денари.

Откако пред два дена измените поминаа на владина седница, претседателот на парламентот Талат Џафери вчера ги добил измените кој со нив го дополнил дневниот ред за седницата закажана за денеска.

Од Сојузот на синдикати на Македонија порачаа оти очекуваат пратениците едногласно да го поддржат минималецот од 18.000 денари.

Договорот за покачување на минималецот беше постигнат во понеделникот, по неколку дена разговори меѓу ССМ, Владата и организацијата на работодавци. Според договореното, работодавците ќе ја покачат минималната плата, а за покривање на трошоците за придонесите за работниците ќе помага и државата. Новиот минималец ќе почне да се исплаќа со мартовската плата.

Поврзани новости